Фудбалерите на Црвена звезда во првото коло од Лигата на шампионите ќе играат на 19 септември против Бенфика, додека на 6 ноември во Белград ќе ја пречекаат Барселона, соопштија денеска од клубот од стадионот „Рајко Митиќ“.
Звезда ќе ја пречека Бенфика во првото коло од ЛШ на 19 септември, а во второто на 1 октомври ќе игра против Интер во Милано.
Српскиот првак на 22 октомври гостува кај Монако, додека на 6 ноември во четвртото коло ќе ја пречека Барселона.