CompanyWall трговска марка – валидна референца за успехот на македонските компании

Од:

CompanyWall е реномирана и докажана бонитетна куќа која на пазарот е активна од 2007 години. Со седиште во Лондон, Англија, CompanyWall има свои филијали низ целиот регион – Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Унгарија, а од претходната година и во нашата земја.

Од 2023 година, илјадници деловни субјекти ни ја доверија улогата на финансиски асистент и нè препознаваат како најдоверлива бонитетна куќа во Северна Македонија. Покрај јасната и недвосмислената методологија врз основа на која вршиме финансиска анализа и ги класифицираме деловните субјекти според бонитетните оцени, клиентите нè препознаваат и по уникатниот визуелен идентитет на кредитните рејтинзи ААА, АА+ и А+ врз основа на кои вршиме сертификација.

Нашите сертификати за бонитетна оцена ААА, АА+ и А+ сега се препознаени од Државниот завод за индустриска сопственост како трговски марки, а исто така и од страна на EUIPO (European Union Intellectual Property Office).

Важноста на интелектуалните ресурси на современиот пазар на труд

Дигиталните технологии, покрај сите поволности што ги носат со себе, тие исто така создаваат потенцијални проблеми поради леснотијата и брзината со која комуникациските содржини може да се копираат, реформатираат и дистрибуираат низ целиот свет. Затоа е од големо значење сите идеи, визуелни идентитети како и текстуалните содржини и услуги да бидат заштитени со авторски права, за да може брендот да се вкорени на дигиталниот пазар како препознатлив и единствен.
Свесни за нашата позиција на македонскиот пазар и следејќи ги императивите и барањата поставени пред нас од светскиот пазар, ние ги патентиравме нашите трговски марки, односно ги патентиравме нашите уникатини и оргинални дизајни за најдобрите бонитетни оцени ААА, АА+ и А+.

Трговските марки на CompanyWall – ААА, АА+ и А+ се препознаени и заштитени од Државниот завод за индустриска сопственост како трговски марки и EUIPO. Со ова се заштитуваат нашите препознатливи бонитетни оцени од слични услуги кои се вршат од страна на други агенции.

Со заштита на интелектуалната сопственост, трговските марки AAA, AA+ и A+, не само што го заштитивме автентичниот дизајн, туку и многу повеќе од тоа. Оригиналната естетика е само средство за полесно препознавање на кредибилната услуга и најсигурниот асистент на македонските компании – CompanyWall.

Доколку сакате да ја дознаете Вашата бонитетна оцена и да добиете пристап до целокупни финансиски извештаи на деловните субјекти во државата, да видите кои компании се под блокада, да ги видите нивните судски постапки и да бидете чекор пред Вашата конкуренција, регистрирајте се тука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

Бизнисмените предупредуваат: Можни се отпуштања без државна помош и поевтина струја

A1on

Луѓе од 88 држави имаат фирми во Македонија

Жарко Настоски

777 фирми кои инвестирале за време на пандемијата се пријавиле за владина помош

Жарко Настоски

ФИТР го запира финансирањето на фирми што ја злоупотребиле државната помош

Жарко Настоски