Хрватската полиција уапсила маж кој е осомничено дека подметнал пожар под автомобил и мотоцикл сопственост на началникот на локалната полиција во Ровињ.
Хина неофицијално дознава дека се работи за средовечен човек кој живее во Ровињ.
Како што претходно соопшти полицијата во Истра, пожарот избувнал ноќта меѓу саботата и неделата на возила со пулски регистарски таблички сопственост на 55-годишен маж.