Филипче: Најразочарани од работата на Владата во првите три месеци се работниците

Од:

Има големо разочарување од првите месеци од работата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ а најразочарани се работниците кои се надевале на повисоки плати од новата Влада, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој денеска е во посета на Берово.

„Се сретнав со работници, со млади и возрасни. Кај сите нив има огромно разочарување од првите месеци на Владата. Најразочарани се работниците и оние кои со многу труд и чесно ги заработуваат парите. Тоа се оние за кои седум години СДСМ обезбедуваше пари за повисоки плати и ги штитеше во кризи. Тие се надевале на подобар стандард и повисоки плати од новата Влада, но по само два месеци на сите им е јасно дека се враќа политиката на понижување на работниците“, рече Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните во кампањата дека ќе има повисоки плати, но веднаш откако седнаа во фотелјите го покажаа вистинското лице, додаде тој.

„Влада која одбива да ги покачи платите е Влада која не се грижи за луѓето. Едноставно ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политиката на евтина работна сила. Сметам дека покачувањето на платите ќе се користи само за изборен поткуп кога ќе им требаат гласовите на луѓето пред избори. Ова се политиките од пред 2016 година. Верувам дека граѓаните нема да дозволат два пати да бидат излажани и понижени. Тоа денес го видов и го слушнав од луѓето и силно верувам дека ваквите политики нема да добијат поддршка“, рече Филипче.

Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е тоа што СДСМ ги покачуваше платите континуирано и се грижеше за стандардот на работниците, на граѓаните, додаде тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски