Нешто пред осум часот градски автобус и камион се судрија во Белград.
Едно лице загина, а повеќе од 20 се повредени, дознава РТС.
На терен се екипи на брза помош, сообраќајна полиција и пожарникари за спасување. Сообраќајот на оваа делница е во прекин.
Шест лица се пренесени во Ургентниот центар.
Сообраќајот е во прекин во двата правци и се пренасочува по стариот Обреновачки пат.