Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците ги земаа вработените како заложници, најмалку еден вработен загина

Од:

Најмалку еден член на затворскиот персонал загина, а четворица се повредени за време на бунтот во поправната колонија бр.19 во регионот на Волгоград, каде што затворениците земаа заложници, пренесе агенцијата ТАС.

„За време на состанокот на дисциплинската комисија во ИК-19 во регионот на Волгоград, неколку затвореници зеле заложници“, соопшти прес-службата на Федералната казнена служба.

Според оперативните служби, во нападот учествувале најмалку тројца затвореници, има и повредени, а најмалку еден затворски службеник е убиен, пренесува ТАС.

Во болница се пренесени четири повредени, а како што се додава, во моментов се преземаат мерки за ослободување на заложниците.

Поправната колонија – ИК-19 на Федералната казнено-поправна служба на Русија за регионот Волгоград се наоѓа на периферијата на градот Суровикино.

Режимот на притвор е строг, а капацитетот на објектот е ограничен на 1.229 затвореници. Колонијата се наоѓа во градот Суровикино.

Би можело да ве интересира

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран