Вреди: Гаши се однесувал според прописите предвидени со закон и протокол за безбедност

Од:

Коалицијата Вреди реагираше на тврдењата на дека претседателот на Собранието Африм Гаши бил со службено возило на свадба на Косово, посочувајќи дека имајќи ја предвид неговата висока позиција и важноста од одржување на стандардите за безбедност и државен протокол, „Гаши се однесува според прописите предвидени со закон и протоколот за безбедност“.

-Оваа одлука е во согласност со вообичаената практика за високи службеници, со цел да се обезбеди заштита и непречено извршување на неговите обврски. Всушност, обезбедувањето на Претседателот на Собранието е должно да го следи секое негово движење. И во случајот со посетата во Косово, која стана тема од некои опозициони настроени медиуми, нема никако нарушување на овие стандарди и тоа може да се провери од сите заинтересирани страни, наведуваат од Вреди.

Од коалицијата наведуваат дека во отсуство на политичка агенда и стравувајќи за своето минато, некои опозициски партии се обидуваат преку искривување на вистината, да манипулираат со јавноста дека се работи за некое кршење на предвидените стандарди.

-Сепак, Претседателот е посветен на целосна и транспарентна соработка за разјаснување на сите аспекти на тој настан, но и за секоја друга тема што ја засега јавноста, посочуваат од Вреди.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ

Сулејмани: ВРЕДИ изразува длабока загриженост за турбуленциите во рамки на албанската опозиција

ВЛЕН: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа!

ВЛЕН: ДУИ е последната партија што треба да зборува за ЕУ

Влен: НАИ сè уште е во изборен молк

Горан Наумовски

ВЛЕН: Еден глас за победата на 2 ноември

Горан Наумовски