ДИУ: Вреди постои како име за пропаганда

Од:

Измама е нивната кауза. Измама е нивната организација. Измама е и таканареченото спојување во една партија. Пред граѓаните се претставуваат како еден обединет политички субјект. Документот од Централниот регистар, издаден на 17 август 2026 година, потврдува дека Движењето БЕСА и понатаму е активна политичка партија, со Биљал Касами како претседател со неограничени овластувања. Вреди постои како име за пропаганда, се вели во соопштението од ДУИ.

– Партиите, претседателите, печатите и личните интереси продолжуваат да постојат одделно. Сè околу нив е изградено врз измама: се претставија како промена, а донесоа деградација; ветија застапеност, а произведоа исклучување; го побараа албанскиот глас и го употребија за слабеење на албанскиот политички фактор.

Вреди е инженерски создадена структура за расцепкување на албанскиот глас, намалување на неговата политичка тежина и предавање на одлучувањето во рацете на други центри на интерес. Маглата околу организацијата, финансирањето и политичките спонзори на овој проект само ги продлабочува сомнежите за неговата вистинска цел. Политичка измама спакувана како обединување. Група лични интереси продадена како национална кауза, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ