Состојбата на Јованка Броз, која неодамна беше примена во болница, сериозно се влошила, велат за „Б92“ болнички извори.
Од белградскиот Ургентен центар не сакале да откријат повеќе детали за здравјето на Јованка.
Според неофицијални информации, станува збор за проблеми од кардио- респираторна прирорда и таа е ставена на апарати за вештачко дишење.