Дванаесет луѓе беа ранети во експлозија на две бомби денеска на улица во јеменскиот главен град Сана.
Двете експлозии биле скриени во корпа за смет и активирани се со далечински управувач.
Во првата експлозија немало жртви. Потоа напаѓачите активирале и втора бомба која повредила 12 луѓе од кои четворица се со потешки повреди.
Причинета е и материјална штета. Се уште нема официјални информации за извршителите.
Силите за безбедност го изолираа реонот и се во потрага по можно трета експлозивна направа.