Во моментов има 13 активни пожари, на помош се чека најавениот дожд

Од:

Во текот на денешниот ден имало 23 пожари на отворен простор, од кои 3 се изгаснати, 7 се под контрола, а 13 се активни, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека се надеваат дека најавените врнежи од дожд ќе помогнат при гаснењето на пожарите.

„Ако ништо друго, дождот ќе ја навлажни вегетацијата и сите оние кои се вклучени во гаснењето на пожарите, а и граѓаните, ќе можат да здивнат“, вели Ангелов.

Пожарот кој гори веќе 20 дена на ловиштето „Јасен“ е ставен под делумна контрола и таму  дејствуваат 70 припрадници на АРМ и пожарникари. И пожарот на Галичица е ставен делумно под контрола, а во неговото гаснење учествуваат повеќе од 120 лица, ренџери од НП Маврово, локални пожарникари, вработени во ДЗС и доброволци.

Во Кичево, кај село Цер има  голема линија на оган, која, како што рече Ангелов, предизвикува голема вознемиреност кај населението, а истиот се проширува накај селата Брезово и Зашле. Триесет припадници од АРМ и 5 вработени во Национални шуми се вклучени во гаснењето.

„Пожарот не се заканува на ниту едно село, но сепак е можно да го промени правецот“, рече Ангелов.

Гори и над селото Гари, каде што чадот е намален. Ангелов е дециден дека пожарот не може да стигне до селото, а во неговото гаснење се вклучени  четворица пожарникари и вработени во Национални шуми.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Бројот на пожари висок, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август

Активни се пет пожари, два се ставени под контрола

Полицијата уапси 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко

Седум пожари им задаваат проблеми на пожарникарите

Горан Наумовски

Гори борова шума крај езерото Глобочица

Ангелов: Откриен обид за предизвикување пожар на Осоговските Планини