Конформизот ќе нé доведе до избор меѓу леб или слобода

Од:

Конформизмот е потребата која ја имаат луѓето да им се покоруваат на правилата, знаците, униформите, односно немо да ги следат сите закони и упатства, за да не се делат од групата, наградувајќи се себе си со едно големо „Браво“! Но, конформизмот не е проблематичен кога станува збор за следење на групните норми, на правилата за движење, однесување, за почитувањето на моралните норми, кои треба да ја регулираат оваа трка наречена живот.

Но, кога конформизмот ќе стане механизам кој ги врти луѓето во круг, кој управува со нивниот разум, односно го затвора, па стануваат само неми сенки кои климаат на туѓите правила и закони, иако знаат дека се штетни- тоа е веќе друга приказна.

Беспарицата, недостигот на работни места визави економскиот напредок за кој секојдневно слушаме- се вистинска слика за конформизмот кој управува со македонското општество. Наместо кризата да ги мобилизираа граѓаните, таа уште ги направи конформисти-кои се помируваат со ситуацијата како одредена од судбината, Бог, однесување својствено за некои други минати времиња на незнаење и заблуди.

Додека цела Европа се крена на нозе во борба со мерките за штедење, со погрешните политики на владите, додека на свои раце донесе нови промени, нашиот народ само мудро молчи и се движи заедно со толпата. Секојдневното измачување со прашањата како да се помине денот, не е мотив Македонците барем еднаш да го кренат гласот и да се побунат против наметнатите правила.

Групирањето во помали и поголеми групи е нераскинлив дел од човечката еволуција, кој се користел за преживување, за обезбедување нови територии и храна. Но, 21-от век станува време кога групирањето е единствениот лек за зачувување на достоинството, на сигурноста на својот живот, на приходите, на менување на една власт, на рушење на сите наметнати правила.

Македонците не знаат за ваков вид конформизам, тие знаат само во група да ги минуваат семафорите и тоа секако во насока во која оди остатокот од толпата, знаат да протестираат и да се тепаат меѓу себе како шаховски пиони на политичките партии на власт, но не знаат да се борат со истата страст и за себе, за иднината на своите деца.

Но, Месијата го знае ова, знае дека најсилната карактеристика на секој Македонец е токму конформизмот, па наметнува правила и прописи, кои ни тој веројатно не би ги следел ни гледал, ужива во својот психички експеримент во кој толпата се движи во правецот кој само него и на блиските околу него им носи напредок и добивка. Па, тој е авторитетот кој треба да се слуша, нели?

Конформистите не знаат за своите права ниту слободи, па немо се покоруваат на сите закони кои ги пустошат нивните, и така, празни џебови, но кои ветуваат едно утописко утре, кое веројатно никој нема да го види. Манипулацијата со нив е толку лесна, што тие веќе не знаат за солидарност, за поддршка на другиот, туку само за плукање и клеветење, за извршување на туѓите наредби и смешкање.

Тие се активни само кога треба да се изгради најдебелиот ѕид кој ќе ги заштити од реалноста, од оние похрабрите, кои ќе можат да видат што навистина се случува, од провалијата во која паѓаат. Но, може ли тој ѕид да ги заштити од сиромаштијата, која како чума наскоро ќе тропне и на нивната врата? Ќе може ли да ги заштити од конформизмот кој го всадија во нивните деца, кој наликува на болест, која ја зема нивната иднина, нивната можност за достоинствен напредок, за вработување и заработување, за живеење без лажните субвенции и бесплатните учебници?

Секој лаже, ако каже нешто што е погрешно, не е во согласност со правилата на Месијата, а конформистите ја знаат вистината, па одат во вистинската насока, нели?

Па мора да се запрашаме: Ќе ставиме ли крај на овој болен конформизам на македонското општествокој, кој создава мреливи граѓани, кои немаат сили да ја преземат иднината во свои раце?

М-р Наташа Димеска
Авторoката е аналитичарка во магазинот револуција, веб локација; http://mkrevolucija.com

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска