За ВРЕДИ интерпелацијата за Гаши е анти-НАТО експеримент

Од:

Анти-НАТО екперимент, вака од ВРЕДИ ја оценуваат интрпелацијата за претседателот на Собранието Африм Гаши. Како и во секој политички експеримент, така и во интерпелацијата има неопходни елементи, реагираше Вреди преку соопштение.

„Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста. На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е поддржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор. Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? За да се стави на тест владиното мнозинство и некој да провери дали опозицијата може да најде заеднички интерес да делува здружено“, се вели во реакцијата.

Од Вреди велат дека се подготвени да ја бранат честа на албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ вредностите.

„Клучната дилема е дали ДУИ до толку е исплашена од тоа што следи што е подготвен да се координира и со Левица само да не се зборува за криминалот на нивните поранешни функционери? Доаѓа време за вистината“, наведено е во реакцијата на Вреди.

Би можело да ве интересира

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски