Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај оцени дека едностраните и некоординирани одлуки на косовскиот премиер Албин Курти се погубни за Косово.
„Пред Албин Курти да го „убие“ српскиот динар на Косово, го убил „еврото“. Неговата популистичка политика, која може да ги загрози животите на членките на НАТО, е саботажа и обид за уништување на земјата“, изјави Харадинај, коментирајќи го затворањето на објектите на Пошта Србија, пренесува Косово онлајн.
Хадаринаи тврди дека Курти е „длабоко вклучен во агендата на Србија“.
„Се сомневам дека ова лице како единствен Албанец ослободен од затвор ги исполнува обврските што му се дадени. Но, го потсетувам него и сите други дека Косово има бог и ниедна влада не може да го уништи“, напиша Харадинај на својот Фејсбук профил.
Вчера косовската полиција затвори девет филијали на Пошта Србија во четири општини на северот, а реагираше и Европската Уија, од каде велат дека станува збор за еднострани дејствија со кои се прекршени договорите од Брисел.
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Приштина соопшти дека Владата на САД е длабоко разочарана од едностраните, некоординирани акции на косовската влада која презеде акција со затворање на филијалите на Поштата Србија на север.