Харадинај: Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник стапне во Косово

Од:

Поранешниот косовски премиер, лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај смета дека, и покрај напнатата ситуација во светот по руската агресија на Украина, на Косово не му се заканува сериозна опасност од дестабилизација, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за ТВ Дукаѓини, Харадинај рече дека „Русија има влијание во одредени делови на Балканот, но не е воопшто присутна во Косово“.

Според поранешниот премиер, Србија не би се осмелила да ја искористи моменталната криза предизвикана од руската интервенција во Украина за некакво дејствие во северно Косово, затоа што, како што рече, „цел свет ќе знае дека (српскиот претседател, Александар) Вучиќ работи за сметка на Русија“.

– Доколку и нема можност да ја реши Русија, Западот е многу способен да најде решение за Србија, бидејќи, како што знаеме, тоа го стори и порано, во 1999 година, рече Харадинај.

Според лидерот и актуелен пратеник на опозициската ААК, Вучиќ и Србија немаат храброст да преземат нешто во косовскиот север, „поради меѓународните гаранции“ за безбедноста на Косово.

– Знам дека Американците нема да дозволат ниту еден српски војник да стапне на косовска територија. Знам дека ќе се бомбардира Белград доколку се случи такво нешто, исто како во 1999 година. Ова го знае многу добро српското раководство. Еден српски офицер ако премине на територијата на Косово, ќе се бомбардира Белград, не некоја друга територија, изјави Харадинај.

Србија, рече тој, е свесна дека за безбедноста на Косово се грижат Соединетите Американски Држави и другите меѓународни сојузници.

– Ние треба да си го сработиме тоа што е наша работа. Меѓутоа, Србија знае дека Косово е зона на одговорност на Америка, Британија и другите сојузници, порача Харадинај.

Би можело да ве интересира

Харадинај: Курти очајно се обидува да ги прикрие несогласувањата со сојузниците, особено со САД

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово