Харадинај: Курти очајно се обидува да ги прикрие несогласувањата со сојузниците, особено со САД

Од:

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, оцени дека изјавата на премиерот Албин Курти дека не се согласува со САД за некои прашања претставува „очајнички обид на Курти да ги сокрие несогласувањата со сојузниците, токму онаму каде што не треба во безбедносната сфера“.

Во објава на Фејсбук, Харадинај рече дека „токму поради безбедноста на Косово не смее да има разлики и несогласувања со партнерите“.

-Безбедноста на Косово и на регионот се гарантира само со обединување со сојузниците, особено со САД и влез во НАТО – напиша поранешниот премиер.

Тој оцени дека позицијата на Косово како „сојузник во прашањата за глобалната безбедност никогаш не може да се промени, без разлика кој е на чело на владата“.

„Тоа не е само дефиниција, туку и наша непроменлива ориентација“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Харадинај бара вонредна собраниска седница за уривање на Владата на Курти

Харадинај: САД бараат намалување на тензиите и отстранување на барикадите во северниот дел на Косово

А1он

Харадинај: Државата не се држи со милостина, Курти е најобичен измамник

А1он

Харадинај: ЕУ да им го предаде на САД портфолиото за конечниот договор меѓу Косово и Србија

А1он

Харадинај: Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник стапне во Косово

Катерина Ѓуровски

Харадинај: Ситуацијата во Косово никогаш не била потешка

А1он