Харадинај: Ситуацијата во Косово никогаш не била потешка

Од:

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај вели дека „ситуацијата во Косово никогаш не била потешка, ниту од егзистенцијален, ниту од безбедносен аспект“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај го обвини актуелниот премиер Албин Курти дека, наместо да се соочува со реалните проблеми во државата, „држи литературни и филозофски говори во Собранието“.

„Дефинитивно, ситуацијата во Косово никогаш не била потешка, ниту од егзистенцијален, ниту од безбедносен аспект. Премиерот наместо да дејствува држи литературни и филозофски говори во Собранието. Не се храни народот ниту со идеологии, ниту со сништа. Не се мами со убави зборови… Умреа системите кога народите се хранеа со идеологии и со уметноста и културата кои тие ги продуцираа, а кои премиерот Курти ги користи толку безобразно“, порача Харадинај преку својата страница на Фејсбук.

Тој исто така објави дека ААК денеска ја започнала процедурата пред Уставен суд за оспорување на владината одлуката да ја поскапи електричната енергија.

Таа одлука, од која се изземени Србите во северно Косово, според поранешниот премиер, претставува „тешко кршење на човековите права“.

„Сиве овие месеци сме загрижени поради дејствијата на оваа ненародна влада. Повеќе од шест месеци вршиме притисок да го усвои Законот за плати и да се покачи минималната плата, но нема никакво дејствие. Напротив, таа ја покачува цената на електричната енергија за граѓаните Албанци, додека за Србите од северот на земјата одлучи да им ја плати струјата од државниот буџет. Денеска ја почнавме процедурата за оваа дискриминација да ја пратиме на Уставен, како тешко кршење на човековите права“, напиша Харадинај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Харадинај: Курти очајно се обидува да ги прикрие несогласувањата со сојузниците, особено со САД