(ВИДЕО) Воз излета од шините кај Волгоград, 100 патници се повредени

Од:

Според прелиминарните информации, 100 лица се повредени во железничката несреќа што се случи денеска во близина на Волгоград, Русија, кога возот се судрил со камион и излетал од шините, пишува весникот „Известија“.

Агенцијата ТАСС наведува дека се превртеле осум вагони. И други руски медиуми јавуваат дека возот излетал од шините и дека се утврдува бројот на повредени.
Интерфакс пренесува дека во возот имало и до 1.000 патници.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија