Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

Од:

Повеќе од стотина пожарникари со помош на авиони и хеликоптери гаснат шумски пожар кој зафатил површина од околу 150 хектари во близина на Солт Лејк Сити во американската сојузна држава Јута.

Населението беше евакуирано од повеќе од 40 куќи на Источниот булевар во градот, а за нив беа обезбедени простории за јавна услуга, пренесува АП.

„Со оглед на топлината, како и правецот на ветерот, температурата и влажноста, постои опасност пожарот брзо да се прошири“, изјави шефот на противпожарната служба во Солт Лејк Сити, Боб Силверторн.

Би можело да ве интересира

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

САД поддржуваат две постојани места за африканските земји во Советот за безбедност на ОН

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи