Локализиран пожарот кој избувна во штипската населба Пребег

Од:

Се запали сува трева околу старите бараки на поранешното Градежно претпријатие „Бетон“ – Штип, а од нив огнот се прошири во дворот на фабриката за мебел и во правец кон првите куќи на населбата Пребег.

Жителите на оваа населба со лопати, но и со градежна механизација спречија огнот да дојде на неколку метри. Пожарникарите веднаш излегле на терен, а месното население им помагаше при гаснењето на пожарот.

Мештаните кои беа во паника велат дека пожарот во правец од старите бараки кон нивните куќи го забележале во 16.15 часот. Тие реагираат дека секоја година овие бараки и околу нив се пали и ги доведува во опасност и куќите, но и објектите околу нив, во непосредна близина е и приватна болница, зградата на Факултети на УГД-Штип.

Пожарот е ставен под контрола.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип