Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

Од:

Еван Гершкович, американски новинар за „Волстрит журнал“ е осуден на 16 години затвор во Русија под обвинение за шпионажа.

Волстрит журнал и владата на САД гo нарекоа obvinenieto лажнo и политички мотивиранo.

Според руското обвинителство, Гершкович бил обвинет дека, по инструкции на ЦИА, во март 2023 година собирал „тајни информации во регионот Свердловск за активностите на одбранбената фабрика НПК Уралвагонзавод АД за производство и поправка на воена опрема. ”

На 30 март 2023 година, руската ФСБ објави дека Гершкович бил уапсен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа за американската влада, што го прави првиот американски новинар кој бил уапсен во Русија под обвинение за шпионажа од крајот на Студената војна.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран