Најмалку 16 загинати во пожар во трговски центар во Кина

Од:

Најмалку 16 лица ги загубија животите во пожар во трговски центар во градот Зигонг, во југозападна Кина, јавија денеска државните медиуми.

Пожарот избувнал во 14-катницата, а пожарникарите успеале да извлечат 75 луѓе на безбедно, јави новинската агенција Ксинхуа. Засега не е познато што го предизвикало пожарот, а спасувачката операција се уште е во тек, јавува АП.

Центарот вклучува бројни ресторани, стоковна куќа, кино и канцеларии, а во моментот на пожарот внатре имало многу луѓе. На видеата на социјалните мрежи може да се забележи густ црн чад, а како што пренесуваат локалните медиуми, пожарникарите користеле и дронови при гаснењето.

Би можело да ве интересира

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено

Голем пожар во близина на Лос Анџелес, загрозени се повеќе од 35.000 објекти

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ