Програмата за глобален развој по 2015 година ќе биде усвоена на средба на високо ниво, која ќе биде одржана во Њујорк по две години.
Одлуката беше донесена денеска на средба на високо ниво во ОН на 68-та сесија на Генералното собрание на светската организација.
Во завршниот документ се наведува дека пред усвојувањето на новите цели за развој ќе бидат одржани преговори меѓу членките на ОН, кои ќе почнат догодина.
Финалната фаза на меѓудржавните преговори ќе заврши на средбата на високо ниво во септември 2015 со усвојување програма за развој за наредниот период.