Герет Саутгејт ја напушти селекторската позиција на Англија. Тој поднесе оставка од позицијата шеф на стручниот штаб на гордиот Албион откако ја одведе Англија само до финалето на Европското првенство во Германија. Целта сепак беше да се освои трофејот.
Англичаните со Саутгејт на клупата играа две финалиња на ЕВРО, полуфинале и четвртфинале на Светското првенство.
Сепак, не го остварија својот сон и не го подигнаа големиот трофеј што го чекаат уште од Светското првенство 1966 година.
Англија загуби од Шпанија со 2-1 во финалето на Европското првенство.