ВЛЕН: ДУИ со срамна понуда да влезе во Влада, на говорница орли, во преговори канаринци

Од:

Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со ширење лажни вести. Но, тоа е нивна внатрешна работа која точно говори за нивниот целосно уништен кредибилитет да говорат за и во име на Албанците, велат од ВЛЕН.

Опозициската ДУИ има уставно загарантирано право да организира собири за храбрење на членството. Но, ВЛЕН нема да дозволи ДУИ со лаги и манипулации да се обидува да креира незадоволство кај Албанците. Бидејќи, ние знаеме зошто ги форсираат овие приказни за наводно загрозен легитимет и наводно намалена застапеност на Албанците во институциите. Затоа што сакаат да ги сокријат трагите за сопствените гревови. Но, ние сме тука за да зборуваме за вистината.

Ние како Коалиција ВЛЕН го повикуваме Али Ахмети вечерва да го искористи партискиот собир во Гостивар, и, да и одговори на јавноста зошто му нудеше на Христијан Мицкоски да влезат во Влада наместо ВЛЕН со четири министри, без Претседател на Собрание заедно со гаранции дека локалните избори догодина ќе одработат неговите кандидати Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга?

ДУИ има обврска да одговори дали сака Албанците да ги претвори во штит, за да ги спасат нивните корумпирани поранешни функционери и членови на нивните семејства, наведуваат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Вреди: Бујар Османи ни две години не може да издржи ако не е министер

Горан Наумовски

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

„Вреди“ на 9 мај прераснува во политичка партија со ко-претседатели Меџити и Касами

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ