Четири малолетни лица пренесени на Токсикологија во тешка состојба, конзумирале алкохол и психотропни супстанци

Од:

Четири малолетни лица кои конзумирале алкохол и психотропни супстанци денеска се пренесени на Клиниката за токсикологија. Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев потврди дека малолетниците се на возраст од 14 до 17 години, и се примени со пореметена свест.

Чибишев посочи дека малолетниците се примени на Одделот за интензивна нега и во моментот трае третманот и клиничките испитувања.

Како што рече, две деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања.

-Малолетниците се примени во тешка здравствена состојба, на возраст од 14 до 17 години, две машки и две женски лица, со пореметена свест. Двете од деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања, изјави Чибишев.

Во исто време и од МВР потврдија дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци.

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, потенцираат од МВР.

Како што појаснуваат, лицата веднаш биле пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Чибишев посочи дека за утре е можно да има подетални информации во врска со случајот.

Би можело да ве интересира

Во луксузен хотел во Бангког шест странски државјани починале од труење со цијанид

„Што сте се фатиле за Бесија, не го прекршила законот “ – Министерот Демири ќе ги разреши сите, но директорката на Токсикологија не

Младеновска: Договорите за вработување на Токсикологија се сметаат за непотпишани, законот не предвидел казна за Иљази

A1on

Иљази за разрешениот директор: Петровски ја вработи снаа му, а не можеше биологот и 18 лица

A1on

Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина

A1on

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on