Граѓаните на Босна и Херцеговина почнаа да потпишуваат петиција за забрана за влез на српскиот Јутјубер Богдан Илиќ, алијас Бака Прасe, во нивната земја.
Се започна со Јутјуб во живо на Бака Прасе, кој зборуваше за Сребреница.
На социјалните мрежи се споделува клип од неговиот пренос во живо, а на него Илиќ ја коментира Резолуцијата за Сребреница.
Затоа, според информациите, граѓаните на Босна и Херцеговина решиле да започнат петиција на социјалните мрежи за да му забранат влез во земјата.