Медведев го исфрли Синер од Вимблдон

Од:

Рускиот тенисер Даниил Медведев по голема драма го совлада Јаник Синер во четвртфиналето на Вимблдон.

Тешко е накратко да се опише овој спектакл, кој беше решен дури по речиси четири часа – 6:7 (7), 6:4, 7:6 (4), 2:6, 6:3.

Синер имаше водство, а потоа се разигра Медведев, што се поклопи и со физичките проблеми на Италијанецот, кој не се предаде и со голема борба го одведе мечот во петтиот, решавачки сет.

Таму драмата го достигна својот врв, Синер едвај дишеше, а последната шанса да се врати во мечот ја пропушти во маратонскиот петти гем, кога Медведев го одби налетот и на крајот го приведе мечот до крај.

Медведев на тој начин му се реваншираше на Синер за поразот во финалето на Австралија опен, а следен ривал на Вимблдон ќе му биде подобриот од Карлос Алкараз – Томи Пол.

Би можело да ве интересира

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Синер го освои последниот Мастерс за прв пат во кариерата

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Синер во четвртфиналето на УС Опен