Светски ден на чоколадото

Од:

Денеска е Светски ден на чоколадото – денот кога слават сите видови на производи направени од чоколадо, вклучувајќи чоколадно млеко, топло чоколадо, бонбони од чоколадо, чоколадни барови и торти, колачи или било што прелиено со чоколадо.

Според Календарот на светски денови, девет од десет луѓе сакаат чоколада, додека околу 1 милијарда луѓе јадат чоколадо секој ден.

Чоколадото се добива од семето на тропското дрво Теоброма (Theobroma cacao). Какаото се одгледува најмалку три милениуми и расте во Мексико, Централна Америка и Северна Јужна Америка. Најраната позната документација за користење на семе од какао е од околу 1100 п.н.е., додека во Европа е донесено во 1550 година.

Бидејќи семките од какао дрво имаат многу интензивен, горчлив вкус, тие мора да ферментираат за да го развијат вкусот. Откако ќе се ферментираат, преработувачите ги сушат, чистат и печеат зрната. По печењето, лушпата се отстранува за да се добијат грутки од какао, кои потоа минуваат низ процес на мелење создавајќи какао маса, која е чиста чоколада во груба форма.

Покрај фактот дека чоколадото има толку добар вкус, има и некои здравствени придобивки од чоколадото. Чоколадото го зголемува нивото на серотонин и допамин, што помага да се зајакне расположението. Темното чоколадо исто така може да биде особено добро за вас. Темното чоколадо е моќен извор на антиоксиданси, плус помага да се подобри протокот на крв, да се намали крвниот притисок и да се намали ризикот од срцеви заболувања.

Во мај 2024 година, цената во малопродажба на какаото и чоколадото во прав во ЕУ била за 6,3% повисока отколку во мај 2023 година, покажуваат податоците на Евростат, според кои цена на какаото и чоколадото во прав, веќе е во пораст од почетокот на 2022 година со годишна стапка на инфлација од над десет проценти.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

A1on

Какаото најскапо во последните речиси половина век: Ќе се зголеми и цената на чоколадото

Во Белгија отворен најголемиот центар за чоколадо во светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Урнебесна реакција на бебе кое првпат пробува чоколадо

Жарко Настоски

Занимливости околу историјата на чоколадото

Ана Ололовска

Швајцарски град беше прекриен со чоколаден прав поради дефект во фабрика за чоколади

Горјан Грнчаровски