Убиениот во Тетово бил застрелан додека бил во возило

Од:

Вечерва во 20.35 часот во СВР Тетово е пријавено убиството на маж, за кого според првичните информации од самото место се дознава дека бил на околу 40 години. Според првичната информација на СВР Тетово кон човекот било пукано додека бил во возило.

-Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Улицата „Штипска“ е затворена за сообраќај и се врши увид од полицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он