Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека односите меѓу Москва и Техеран се пријателски и дека е убеден дека односите меѓу двете земји ќе се зајакнат без оглед на исходот од изборите во Иран.
„Би забележал дека нашите пристапи практично се совпаѓаат за клучните прашања на меѓународно ниво. Одлучни сме од желбата да создадеме мултиполарен светски поредок и почитувањето на меѓународното право“, рече Путин на средбата со иранскиот претседател Мохамад Мохбер на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) во Астана, пренесува Риа Новости.
Мохбер му се заблагодари на рускиот претседател за неговата работа на билатералните прашања и присуството на руската делегација на погребот на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран.