Лидерката на француското национално собрание, Марин Ле Пен, изјави вечерва, по излезните анкети на кои РН освои околу 34 отсто од гласовите на парламентарните избори во Франција, дека „таборот на претседателот Емануел Макрон е речиси целосно уништен“.
Таа повика на апсолутно мнозинство во вториот круг, за да може нејзината партија „да ја поправи Франција и да го врати единството“.
„Ништо не е освоено, а вториот круг е одлучувачки. Потребно ни е апсолутно мнозинство за да може Џордан Бардела да биде именуван за премиер од (претседателот) Емануел Макрон за осум дена“, им порача Ле Пен пред приврзаниците, пренесува France 24.