За наследник на Ле Пен избран 27-годишниот европратеник Жордан Бардела

Од:

Партијата Национален собир на 5 ноември избра наследник на Марин Ле Пен, со цел да го поправи имиџот и да ги привлече младите гласачи, додека досегашната лидерка ќе задржи значителна моќ внатре во партијата.

За наследник на Ле Пен е избран 27-годишниот европратеник Жордан Бардела. Тој на партиското гласање доби 85 отсто од гласовите.

Бардела вети дека ќе ја заштити француската култура од наводната закана од имиграцијата. Тој ги потенцира своите италијански имигрантски корени на своето семејство и гордоста што станал Французин и јасно истакна дека не се добродојдени сите странци.

Првпат во 50-годишната историја на Национален собир, на чело на партијата ќе биде некој што не се презива Ле Пен.

Марин Ле Пен останува извор на вистинска моќ во партијата и најверојатно ќе биде нејзин кандидат на следните претседателски избори во 2027 година, за сега таа ќе се фокусира на водење на партијата во Парламентот, каде што има рекордни 89 пратеници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Жан-Мари Ле Пен е хоспитализиран, тој е во тешка состојба

Ле Пен: Санкциите од ЕУ не успеаја да влијаат на Русија, тие го казнуваат францускиот народ

Ле Пен веќе нема да ја води партијата, преминува во Парламентот

Ердоган го нарече „победа“ поразот на Марин Ле Пен во Франција

Ле Пен ја финансира претседателската кампања со кредит од унгарска банка

А1он

ЕП и го одзеде пратеничкиот имунитет на Марин Ле Пен на барање на француското правосудство

Наум Локоски