Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство

Од:

Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада.

Министерство за образование и наука, информира дека иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законките услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира. Ова е констатирано од страна на надлежните институции по ревидирање на спроведените активности во досегашниот тек на постапката.

-Со оглед дека станува збор за регулирана професија согласно Директивата на Европската Комисија 2005/36 и 2013/55, потребни се темелни и исцрпни анализи пред пристапување кон давање на Одобрение за вршење на високообразовна дејност за образование на овој тип на кадар. Во конкретниот случај, не се направени анализи за потребите од ваков кадар и условите за нивно образование и обука, ниту пак се извршени консултации со релевантни здруженија и надлежни органи по тој повод. Имајќи ги предвид констатираните сериозни и бројни недоследности, Одборот за акредитација го поништи решението со кое се акредитира проектот за основање на факултетот, додека Министерството за образование и наука го поништи решението за почеток со работа, донесено од претходниот министер, се вели во соопштението од МОН.

Новата Влада и Министерството за образованието и наука, се посочува во соопштението, се одлучни да го унапредат квалитетот на образовниот систем.

– Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите, се вели во соопштението од МОН.

Техничката влада на седница на 9 април годинава даде согласност за основање Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга, која во службен весник е објавена на 15 април.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против Рамиз Мерко за несовесно работење во службата

Предраг Петровиќ

Ново, осмо обвинение за Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Мерко побара изземање на судијката Надица Митреска која му суди за незаконската набавка на автомобил

Студирањето може да биде речиси еднакво на 0 трошоци за родителите – Прв факултет со европска диплома, а местата се ограничени!

Горан Наумовски

Како да се избере најдобриот факултет и идната кариера!? Семинар на тема „Кариера и професионален развој“ на Heidelberg Faculty of Skopje

Обвинение за Мерко за бесправно проширување на хотелот „Дрим“