ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Од:

Обединетите нации го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците, додека британската добротворна организација „Медицинска помош за Палестинците“ го осуди убиството на 500 здравствени работници од почетокот на војната во Појасот Газа, објавија денеска медиумите.

„Овие убиства се случија во контекст на систематски напади врз болници и други медицински установи што ги прекршуваат законите на војната“, објави во вторникот канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, пренесува „Политико“.

Британската добротворна организација Медицинска помош за Палестинците соопшти дека од почетокот на израелската воена офанзива во октомври 2023 година, 500 здравствени работници се убиени во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“