Едно просечно домаќинство во светот има дури пет електронски апарати на кои им е потребна интернет заштита, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата Б2Б Интернешанал.
Имено, смратфоните и таблетите станаа нова стандардна алатка за пребарување, интеракција и купување на интернет, но и покрај своојата популарност, голем број корисници и натаму се убедени дека решенијата кои овозможуваат безбедност на интернет, главно се потребни за персоналните компјутери. Сите тие секојдневно се соочуваат со вируси и други он-лајн закани, што дополнително прави проблем да се зачува безбедноста и приватноста.
За големината на проблемот се гледа и од податокот дека дури повеќе од 50 отсто корисници на Андроид и над 60 проценти корисници на Мак сметаат дека не е потребна заштита за нивните апарати. Иако апаратите кои се користат за пристап до интернет станале помалку, тие се користат за пристап до интернет исто како традиционалните компјутери, и поради тоа се цел на кибер-напади. Мак компјутерите, смартфоните и таблетите редовно се мета на кибер-криминалците кои ги прилагодуваат својата тактика и цели штом забележат нови можности да украдат пари.
Анализирајќи ги овие податоци, компанијата „Касперски“ создаде Интернет Секјурити – мулти дивајс 2014, решение со кое корисниците имаат еден активациски код за повеќе апарати и еден датум за почеток на валидноста на производот, со што се олеснува ракувањето со нивните различни апарати.
Антивирусот и антифишинг технологиите на „Касперски“ овозможуваат блокирање на злонамерните линкови испратени преку социјалните мрежи, електронската пошта или на други начини. Освен тоа, тие известуваат и за сомнителните линкови кои можат да се најдат во СМС пораките испратени на мобилните телефони.