ВИДЕО: Идентификувани терористите кои го извршија масакрот во Дагестан

Од:

По терористичките напади во Дагестан, во кои загинаа шест полицајци, а најмалку 12 лица беа ранети, медиумите јавуваат дека се идентификувани терористите кои го извршија нападот во Махачкала, а тоа се Осман и Адил Омаров.

„Во нападот на Махачкала, учествуваа двајцата синови на началникот на округот Сергокалински во Дагестан, Магомед Омаров: Осман и Адил Омаров“, ја потврди оваа информација Комерсант преку извор во органите на редот.

Напаѓачите на православната црква и синагогата во Дербент и Махачкала биле следбеници на меѓународна терористичка организација. Органите за спроведување на законот ова го кажаа за ТАСС.

„Милитантите кои ги извршија нападите во Махачкала и Дербент се поддржувачи на меѓународни терористички организации. Во текот на истрагата ќе бидат идентификувани нивните организатори“, рекол соговорникот на агенцијата.

Според извор на агенцијата, милитантите користеле оружје од странско производство, вклучително и најмалку една автоматска пушка. Напаѓачите го користеле и оружјето на убиените и ранетите полицајци.

Се уште не е познат бројот на напаѓачите, според официјалните податоци приведени се двајца милитанти.

Дел од Дербент е без струја. Во републиката беше воведен режим на антитерористичка операција. Отворени се кривични предмети за тероризам.

Терористичкиот напад се случи во градовите Дербент и Махачкала, во Република Дагестан, во кој загинаа најмалку шест полицајци, а најмалку 12 беа ранети меѓу жртвите и свештеникот Николај Котелников (66) кого го заклале.

„Според информациите, отец Николај бил убиен во црквата во Дербент и му го пресекле грлото. Имал 66 години и бил многу болен. Стражарот Михаил бил застрелан во црквата во Махачкала-1, вооружен само со гас пиштол“, рече претседателот на Јавната комисија за следење на Дагестан, пренесуваат локалните медиуми и социјалните мрежи.

По нападот во Дагестан, пукање имало и на границата на Абхазија и Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 15 полицајци се убиени во териристичкиот напад во Дагестан, прогласена тридневна жалост

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири на аеродром во Русија, толпа го блокираше авионот од Израел

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија и пожар на бензинска пумпа во Русија, најмалку 35 мртви, ранети се 13 деца

ВИДЕО: Претседателот на руски Дагестан побесне поради мобилизацијата

А1он

Во Дагестан пронајдени 272 мртви фоки покрај езеро

Ана Ололовска