Лука Модриќ тешко се справи со големиот кикс на Хрватска во 2. коло на Европското првенство, бидејќи ремито со Албанија дополнително ги оддалечи од нокаут фазата.
Огнените ја загубија победата на минута пред крајот и мечот заврши со резултат 2:2, а Модриќ по натпреварот беше во очај.
Тој седна на тревникот, стискајќи се за главата и се чинеше дека е на работ да заплаче, а Албанците го тешеа откако го прославија бодот.
Luka Modric couldn't hide his frustration as Albania left it late to secure an equaliser against Croatia 😡
Croatia are bottom of their group with just one game to go…. will there be an early upset in Euro 2024? 🤔 pic.twitter.com/UhdVwaB9gO
— SPORTbible (@sportbible) June 19, 2024
Инаку, Албанија водеше на полувремето со гол 1:0, Хрватска направи пресврт со два брзи гола (Крамариќ и автогол на Ѓасула) на петнаесетина минути пред крајот, а потоа Албанија се спаси од пораз во 95. минута преку Ѓасула.
Хрватска сега е на дното во групата Б и ќе и биде потребна победа против Италија во понеделник за да се надева дека ќе се пласира во осминафиналето.