Гаши ја закажа седницата за избор на новата Влада во сабота во 11 часот

Од:

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја закажа седницата за избор на новата Влада во сабота во 11 часот.

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа.

Собранискиот Деловник предвидува седница за избор на Влада да трае најмногу два дена.

Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата, по што во Собранието се води единствен претрес.

Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во 24 часот.

Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници.

Претседателот на Собранието го известува претседателот на Републиката за изборот на Владата.

Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор.

Во владиниот кабинет на Мицкоски, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е предложен за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство, Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.

Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

За министер за жвиотна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата, е предложен Изет Меџити од коалицијата Вреди, министер за здравство Арбен Таравари, министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министер за економија Бесар Дурмиши. За министер без ресор и заменик претседател на владата задолжен за добро владеење е предложен Арбен Фетаи.

За министер за правда е предложен Игор Филков, додека за министер за јавна администрација Горан Минчев од Движењето ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Само дисциплинска за шест полицајци поради случајот „свадбата на Гаши“ во Косово

Верификувани мандататите на новите пратеници

Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри

Честитка од Агелер за изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

ВИДЕО: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име