Честитка од Агелер за изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

Од:

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Анџела Агелер денеска на нејзиниот профил на платформата „Х“ го честиташе изборот на новата Влада.

-Честитки за формирањето на новата влада. Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економијата, енергетиката и развојот на инфраструктурата, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат, стои во честитката од Агелер.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска − Агелер: Народната банка придонесува за стабилноста на економијата и ужива висока доверба

Левица: Изјавите на амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата

Агелер: Довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска

Мицкоски: Преспа е реалност, Договорот за добрососедство е веќе репреговаран со „францускиот предлог“, кон него може да се додаде и друг предлог со македонските барања

Верификувани мандататите на новите пратеници

Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри