Тројца малолетници нападнале сопруг и сопруга во нивниот дом, го раниле мажот со нож

Од:

Полицијата го сомничи Е.М. (37) од Струмица дека синоќа заедно со тројца малолетници физички го нападнале Е.И. (23) и неговата сопруга во нивниот дом во Струмица. При нападот со остар предмет му нанел повреда на младиот струмичанец.

Како што соопштија денеска од СВР Струмица, напаѓачот бил лишен од слобода и бил задржан во полициската станица во Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Во соопштението се додава дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија