Тошковски и Николоски му се заблагодарија на Мицкоски за предлозите да бидат министри

Од:

Предложениот кандидат за министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, во објава на Фејсбук изрази благодарност до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како и до членовите на Извршниот и Централниот комитет на партијата за едногласно донесената одлука.

„Вечерва по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас. Искрено благодарам на Претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која ми ја укажаа“, напиша Тошковски на својот фејсбук профил.

Додава дека неуморно ќе се вложи за подобрување на условите за живот на сите граѓани, како и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија.

Благодарност изрази и Александар Николоски за укажаната доверба и чест да биде заменик претседател на Владата и министер за транспорт и врски.

„Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата. Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија! Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи“, напиша Николоски.

Мицкоски вечерва ги соопшти 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“, откако беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Би можело да ве интересира

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите