Собранието на Движењето БЕСА одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши да биде кандидат за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик министер за култура и туризам.
На денешниот 10-ти состанок на кој се разговарало за приоритетите и заложбите на партиските кадри за време на идната Влада, едногласно биле избрани овие кандидати за државните функции во новата Влада, што ќе треба да ги изгласа Собранието.
„Собранието на Движењето БЕСА едногласно утврди дека без компромис партиските претставници во Собранието и во извршната власт ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма: борбата против криминалот и корупцијата, реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и економски развој на државата“, велат од Движењето БЕСА.