Најавени министрите од новата влада: Муцунски во МНР, Ристовски за спорт, Тошковски во МВР, Николовски за транспорт

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврди кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет. Имињата на идните членови на владата и одуките на партиските тела ги соопшти партискиот лидер и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски.

Ова се предлозите за новите министри:

Заменик министер на Владата и министер за транспорт – Александар Николовски;
Министер за одбрана – Владо Мисајловски;
Министер за финансии – Гордана Димитриеска Кочоска;
Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски;
Министер за локална самоуправа – Златко Перински;
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски;
Министер за спорт – Борко Ристовски;
Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска;
Министер за земјоделство – Цветан Трипуновски;
Министер за култура и туризам – Зоран Љутков;
Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски;
Министер за образование и наука – Весна Јаневска;
Љупчо Димовски, заменик претседател на Владата, одговорен за политички систем,
Иван Стољковиќ, заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците,
Шабан Салиу, министер без ресор задолжен за имплементација на декадата на Ромите.

Мицкоски претходно најави дека предлог составот и програмата на владата ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет. Рокот од 20 дена за состав на владата тече од 6 јуни кога Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 пратеници, Вреди 14, а ЗНАМ шест.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Спасов, со катастрофалниот ПР на СДС, испитува како дното да се пробие, што повеќе на партијата

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празни прес конференции, Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови

ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба

ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од времето кога пожарите ги гасеше Јоцо Манго на Заев познаникот со 50 годишен ФАП, сега гаснат авиони и хеликоптери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја доведе државата до раб на банкрот

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е оставена без пилоти, со стари возила и технички средства