Опозициски пратеник мораше да биде отстранет од италијанскиот Парламент во средата по расправија и тепачка за време на дебатата за поголема регионална автономија. Леонардо Доно од популистичкото Движење пет ѕвезди бил турнат од други пратеници и соборен на подот во хаотични сцени во Долниот дом на Парламентот, објавија италијанските медиуми.
🔴 There was a brawl in the Italian Chamber of Deputies: Iezzi (League) attacked Donno (M5S), who ended up on the floor and felt unwell, to the point that doctors had to intervene. pic.twitter.com/ba6yJ4ZtQ1
— Crazy Ass Moments in Italian Politics 🇮🇹 (@CrazyItalianPol) June 12, 2024
Дебатата беше за законот за таканаречена диференцирана автономија на регионот предложен од десничарската влада. Законот им дава на регионите поголеми овластувања, на што опозицијата се противи.
Кога пред еден месец се расправаше во Сенатот, дојде до вербални пресметки меѓу претставниците. Но, сега опозициските парламентарци од Претставничкиот дом вееја италијански знамиња и ја пееја националната химна.
Кога Доно се обиде да му го предаде знамето на министерот за регионална администрација, неколку пратеници се упатија кон него и почна турканица.
Остана нејасно дали Доно сам паднал или од ударите, а претседателот на домот ја прекинал седницата и најавил дека ќе одлучи за евентуалните мерки кога ќе го прегледа видеото.
Говорејќи за телевизијата Ла7, Доно рече дека бил во болница и чекал да биде прегледан од лекарите откако „добил многу удари“.
„Не можам да верувам дека такво нешто се случи во Претставничкиот дом“, рече Доно.