Граѓаните на Србија денеска излегоа на гласање во 89 градови и општини, а денot го одбележаа низа инциденти. По конфликтот меѓу полицијата и опозицијата во Нови Сад, дошло до физички конфликт пред пицеријата на Дорчол во Белград.
Главен актер на оваа пресметка е сопственикот на пицеријата Миодраг Совтиќ, сопругот на актерката Аница Добра, кој ги нападна опозициските активисти.
Имено, како што тврди опозицијата, во внатрешноста на пицеријата се наоѓа кол центарот на Српската напредна партија (СНС).
На снимката што ја објави Зелено-левичарскиот фронт на социјалната мрежа Х се слушаат грозоморните навреди кои Шовтиќ ги упатува кон активистите и како му го одзема телефонот на еден граѓанин.
RAZBILI SMO SNS OSINJAK U LOKALU MIĆE SOVTIĆA! pic.twitter.com/INleuyTpfG
— Zeleno-levi front (@nedavimobgd) June 2, 2024
Опозициските активисти пристигнаа пред пицеријата во 14.30 часот бидејќи се сомневаа дека внатре во кафеаната има активисти на СНС со дупликат избирачки списоци кои ги повикуваат граѓаните да гласаат.
Освен тоа, денеска во Калупин физички беше нападнат и претседателот на Општинскиот комитет на Партијата на слободата и правдата (СПП) од Бачки Петровац, Марјан Триашка.
Според достапните информации, претставниците на опозицијата излегле на терен откако добиле дојава за можно купување гласови. Набрзо биле пресретнати од непознати лица кои побарале од нив да ги предадат мобилните телефони.