Тројца млади лица, момче и две девојки исчезнаа денеска во поплавите во италијанскиот регион Фриули на северот од земјата, а потрагата е во тек, соопштија локални извори.
Тројцата млади на возраст меѓу 17 и 25 години се водат како исчезнати поради излевање на реката Натизоне, пренесе АНСА.
MALTEMPO IN FRIULI-VENEZIA GIULIA: Tre ragazzi su un isolotto trascinati via dalla piena del fiume Natisone a Premariacco (Udine): Ricerche in corso da parte dei vigili del fuoco, i dispersi sono un ragazzo e due ragazze pic.twitter.com/G3FzqT7CyM
— BreakingItalyNews (@BreakingItalyNe) May 31, 2024
Младите телефонски повикале помош бидејќи нивото на реката почнало да расте додека биле на мал речен остров поради обилните дождови.
Во потрагата по тројцата исчезнати лица учествуваат нуркачи, карабинери, а во акцијата е испратен и противпожарен хеликоптер од Венеција.