Меџити: Тројца-четворица пратеници од „Европскиот фронт“ ќе преминат во „Вреди“

Од:

Лидерот на Демократско движење, партијата која е дел од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити истакна дека тројца-четворица од вкупно 18 пратеници колку што доби мандати „Европскиот фронт“ на парламентарните избори, носат одлука да преминат во новото мнозинство.

Меџити во интервју за телевизијата „А2 Си-ен-ен“ во Албанија не сакаше да открива имиња, но рече дека во моментов од две турски партии кои се дел од коалицијата со ДУИ, нема да можат да останат четири години во опозиција.

-Можам да кажам дека од тие 18 пратеници што ги доби „Европски фронт“, тројца-четворица со едната нога се дел од новото мнозинство. Сега нема да ги кажам нивните имиња, но таму има две турски партии, а турската заедница нема капацитет и потенцијал да остане четири години во опозиција. Тие секако дека се гледаат себе си во идната влада. Има и некои други пратеници кои се со Ахмети, кои во минатото се тепале и се убивале меѓу себе, предизвикувале жртви кај Албанците и тешки последици. Заедно се засега, беа здружени за да опстанат. Но, мисијата на „Европски фронт“ е пропадната, рече Меџити.

Новите пратеници од „Европскиот фронт“ Сали Мурати и Бејџан Иљаз од Движењето на Турците и Демократската партија на Турците за неколку медиуми демантираат дека тие ќе сменат страна. Велат дека и понатаму ќе делуваат како пратеници кои се дел од „Европскиот фронт“, а забележуваат дека коалицијтаа „Вреди“ ги игнорирала другите етнички заедници и ги дели гласовите на етничка основа.

Би можело да ве интересира

Меџити: Дали Османи и Ахмети ќе продолжат да стојат пред ВМРО-ДПМНЕ за да прават влада со „албанофобот“ Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Меџити: Чаир ќе добие подземни контејнери и 3.000 нови паркинг места

А1он

Меџити: Ахмети не зборува ништо за „српскиот свет“, бидејќи лобисти се неговиот син и неговото семејство

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити

Меџити: Граѓаните веќе се одлучни за промени и за достоинствено управување со општината

Горан Наумовски

Меџити: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот во Страчинце ќе има сериозни последици врз животната средина