Апасиев: Левица нема да поддржи Албанец да биде претседател на Собранието

Од:

Пратениците на Левица нема да го поддржат Африм Гаши од Алтернатива да биде претседател на Собранието. Лидерот на партијата Димитар Апасиев пред почетокот на конститутивната седница изјави дека тие не би дале поддршка Албанец да биде претседател на Собранието.

На прашање зошто не сакаат Албанец да биде претседател на Собранието, Апасиев рече дека е противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонски кога се заседава со седници.

Затоа што е противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонскиот кога се заседава со седници, дополни Апасиев.

Апасиев рече дека очекува „косовизација“ на државата, и му понуди на Мицкоски, како што кажа, бланко поддршка за тоа да не се случи.

– Очекувањата се за косоваризација на државата како што си ги гласавте, тоа се очекувањата. Ние би дале поддршка од нашите шест да не биде албанец претседател на Собранието. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка на невидено само да не биде косоваризиран повторно македонскиот парламент, рече Апасиев.

Во Собранието денеска почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. Со седницата претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.

На дневен ред се избор на Верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието, место на кое ќе биде предложено да седне Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата „Вреди“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште