„Што сте се фатиле за Бесија, не го прекршила законот “ – Министерот Демири ќе ги разреши сите, но директорката на Токсикологија не

Од:

Откако на денешната прес конференција Министерот Демири најави разрешување на директори на клинички беше запрашан дали ќе ја разреши и организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази, околу која последните месеци се низа скандали.

„ Зошто да ја разрешам? Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработиле тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени? Имам факти дека медицинскиот директор заедно со другиот колега кои се трудеа да направат мобинг, сум ги разрешил. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примале плата и да реагираат? Тие работеле 12 месеци, каде бевте вие да прашате за одговорност. Бесије кога ќе го прекрши Законот, или Шукароски или Александра, како и да се вика, јас ќе го разрешам. Таа не го прекршила законот. Каде е ДСЗИ да достави извештај за случувањата на хируршките сали“, вели Демири.

Министерот ги критикуваше и новинарите и ДСЗИ и потенцираше дека Инспекторатот добива новинарски извештаи пред него како министер. Демири ги поучи новинарите да не се занимаваат со цевки од парно, туку со незавршените објекти, да не се занимаваат со 18 луѓе кои останале без леб, затоа што не им се продолжени договорите, туку со тоа кој ги оставил без леб.

„ Изградба на клинички блок во „Мајка Тереза“ почнато во 2019 со рок 45 месеци, потоа клиничката болница Штип, болницата во Кичево, „Свети Еразмо“, „Св. Наум Охридски“, од 2016 година, не е почнато, не е изведено. До каде се овие постапки? Изведба во Струмица, со донација од ХОП проектот, па не можеле да инсталираат, и ги преместиле во Болница. Модуларните болници требало да се изградат десет, изградени се три, а останатите седум ги нема.“ наброја Демири примери со кој според него новинарите треба да се занимаваат, а не со разрешување на директорката на Токсикологија.

Би можело да ве интересира

Склучувала договори па ретрокативно ислаќала хонорари, пари давала и на луѓе што воопшто не работеле, обвинение за Бесија Иљази

Четири малолетни лица пренесени на Токсикологија во тешка состојба, конзумирале алкохол и психотропни супстанци

Кривична пријава за Бесија Иљази, екс-директорката на Токсикологија незаконси вработувала и ретроактивно испалаќала плата

Бесија Иљази храбро се соочи со антиалбанскиот менталитет – Аријанит Хоџа по разрешувањето на директорката на Токсикологија

Катерина Ѓуровски

Разрешена Бесија Иљази, економската директорка на Клиниката за Токсикологија

Катерина Ѓуровски

Операционите сали нема да проработат додека не се реши проблемот – набавени се шест надворешни компресори за итните случаи

Анита Петровска Рајковиќ